На 13 август – Прскање проетив комарци од земја

12 Авг 2019
185 пати

Согласно годишната програма за заштита на населението од заразни болести, утре (13 август) во попладневните

и вечерните часови ќе се спроведе второто теристичко (од земја) прскање против комарци на територијата на општина Виница.
Според најавите, со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини покрај речните корита како и подрачјата околу каналниот систем на територијата на општина Виница. Ќе се прска со еколошки инсектицид одобрен од Бирото за лекови, а целата активност ќе биде спроведена од службите во Центарот за Јавно здравје од Кочани во соработка со општина Виница.
Од општина Виница апелираат до пчеларите навреме да ги заштитат своите пчелни семејства . Во случај на врнежи од дожд, прскањето ќе се одложи за наредните денови.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.