Допис до Радио Кочани од Зоран Иванов - Што поднесуваат граѓаните од зградата кај Автобуската ?

09 Авг 2019
588 пати

Добар ден почитувани дали некој има храброст да прозбори за целава гадотија што ја поднесуваат станарите

во зградата на ул.Теодосие Паунов или зградата кај автобуската. Поточно веке неколку години наназад секојдневна гледка на било кој станар во зградата, или било кој случаен минувач е оваа на сликиве подоле. Дали има некој одговорен што би преземал нешто за оваа ужасна гледка или ке продолжи и натаму да тече маснотија од прехрамбениот дуќан кој се наоѓа таму. Дали постојат одговорни луѓе што би преземале некој чекор за подобрување на состојбата и дали вие како медиум би објавиле за оваа грдна слика пред очите на било кој минувач ако го сметаме Кочани како чист град Благодарам.

По примерот на нашите редовни слушатели и читатели Виктор Антов, Зоран Иванов и Бојан Коцев, вашите проблеми можете да ги изнесувате преку Facebook страницата на Радио Кочани или јавете се на  033 612 613 и на мобилен 077 96 44 00, ќе бидат објавени и се надеваме - решени!

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.