Апел од Виктор Антов да се расчисти локалниот пат кон Грдовци...

08 Авг 2019
678 пати

Месното население од с.Мојанци апелира до месната заедница да стапат во контакт со месната заедница на с.Грдовци, и заедно да поднесат МОЛБА до Општина Кочани да се расчисти патот од мостот на река Масалница до козарнико. Поради големите оштетувања кон Подлог, повеќето го користат патот кон Грдовци да стигнат до Кочани. Затоа  упатуваме  МОЛБА до надлежните да се расчисти горенаведеното растојание во кое  не е можно да се разминат 2 возила, а воедно прегледноста е на најризично ниво, што би можело да предизвика сообраќајни незгоди со несакани последици. Секогаш е подобро да се спречи одколку да се лекува!

По примерот на нашите редовни слушатели и читатели Виктор Антов и Бојан Коцев, вашите проблеми можете да ги изнесувате преку Facebook страницата на Радио Кочани или јавете се на  033 612 613 и на мобилен 077 96 44 00, ќе бидат објавени и се надеваме - решени!

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.