Честитка од градоначалникот на Општина Кочани Николочо Илијев по повод Илинден

03 Авг 2019
145 пати

Почитувани граѓани,

Илинден е темелник на засебноста, идентитетот и на нашата државотворност.

Славејќи ги двата Илиндена, од 1903 и од 1944 година ги спојуваме стремежите на старите и новите илинденци кои нè водеа по патот за создавање на нашата современа држава.
Илинден е мотив за сите генерации нашата држава да ја градат како заеднички дом на сите граѓани без разлика на верската, националната и етничката припадност.

Нека ни е честит и вековит Илинден.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.