Апел за отстранување на хаварисаните возила од јавно-прометните површини во Кочани

18 Јул 2019
303 пати

Општина Кочани ги известува граѓаните кои имаат оставено нерегистрирани, хаварисани возила, запрежни

коли, трактори, земјоделски машини и алатки, приколки и камп-приколки, возила кои имаат налепница-известување дека се продаваат, да ги отстранат од јавните сообраќајни површини, улици, тротоари, паркинзи, како и од зелените површини.
Доколку возилата кои подолго време зафаќаат јавно-прометни површини не бидат отстранети, инспекциските служби во соработка со Полициската станица – Кочани ќе реагираат според соодветната законска регулатива.

Општина Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.