Тинејџер тешко повреден во сообраќајка се бори за живот

09 Јул 2019
722 пати

Тинејџер е тешко повреден по сообраќајна несреќа во Виница, информираат од Министерството за внатрешни

работи.
„Завчера во 21.20 часот на крстосница од улиците М.Тито и Т.Арсов во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат кордоба“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.В.(41) од Виница и мопед „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(18) од село Истибања, виничко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ф.С. и бил пренесен во Јавнатa здравствена установа Виница“ велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од полициската станица Виница.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.