Се бетонираат пристапни улици во населените места Бели и Нивичани

05 Јул 2019
141 пати

Со средства од општинскиот буџет, а според планираните активности од Програмата за уредување на

градежното земјиште, во селата Бели и Нивичани се работи на бетонирање на неколку улици.
Според стручните служби, во Бели е завршено бетонирањето на улицата „Ѓорѓи Бошков“, во должина од 110 м, каде е поставен бетонски слој од 12 см. Оваа улица е споена со соседната и се поставени банкини.
Во тек се активностите за бетонирање на пристапна улица во селото Нивичани, долга 275 м, со ширина од 3 м. Работите ги изведува градежната фирма „Портланд“ од Струмица.
Според најавите, во наредниот период се очекува да се бетонира уште една улица во Бели и пристапна улица во селото Прибачево. Со поставување бетонски слој ќе биде подобрена и улицата „Коста Рацин“ во Кочани.
За бетонирање улици и пристапни патеки, во Програмата за уредување на градежно зeмјиште за 2019 година се наменети 3,5 милиони денари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.