На Патот кон Пониква – Настрадаа малолетник и повозрасен човек на мотоцикл

01 Јул 2019
854 пати

Вчера во 14,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Пониква, се случила сообраќајна незгода

помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.М. (42) од Штип и моторцикл „Зонгшен“ без регистарски ознаки управуван од 17 годишно лице од с.Бели каде сопатник бил Ј.К.(69) од с.Бели.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле моторциклистот и сопатникот кои биле пренесени во Јавната здравствена установа-Кочани.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.