СОУ „Гошо Виќентиев“ – Ефтимов постигна вреден резултат на светскиот натпревар во Орландо

11 Јун 2019
226 пати

Јоданчо Ефтимов, ученик во СОУ Ѓошо Викентиев во Кочани, учествуваше на МОС – светскиот натпревар

од информатички вештини во Флорида, САД, каде ја претставуваше Македонија и таму забележа добар резултат.
“Станува збор за натпревар на вештини за апликациите ’ворд’, ’ексел’ и ’пауер поинт’ 2013 и 2016. Натпреварот го организира CertiAdria, којшто веќе четири години се организира во Македонија. Ние имавме среќа и знаење да го освоиме првото место на Гранд финалето во Скопје и  да ја претставуваме Македонија на светскиот натпревар во Орландо, на Флорида, САД. Таму постигнавме добри резултати. Задоволни сме“, рече на прес конференција, Пале Атанасова, менторка и професорка на Јорданчо Ефтимов, кој, годинава, постигна вредни резултати на домашна и меѓународна сцена, по што е прогласен за ученик на генерацијата во сообраќајната струка.
Прес конференцијата на која зборуваше професорката Пале Атанасова се одржа вчера во СОУ „Гошо Виќентиев“ во Кочани. Пресот беше пресек на сработеното и постигнатите резултати во изминатиот едногодишен период во пресрет на претстојните уписи.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.