Прес на директорот на „Гошо Виќентиев“ – Дојдете кај нас, нашите учениците постигнуваат резултати на светски натпревари

10 Јун 2019
1969 пати

Прес конференција се одржа денеска во СОУ Гошо Виќентиев во Кочани. Директорот на училиштето, Гоце Савев,

ги најави претстојните уписи, а се зборуваше и за достигнувањата на учениците на светски реномирани натпревари.
„Училиштето во изминатава една година има свои постигнувања. Истовремено, ги покануваме учениците од основните училишта да се запишат во нашето училиште. Како што е познато, на 17 - ти и 18 – ти овој месец се уписите и се надевам дека ќе имаме добар одзив кај основците. Нашето училиште со сопствената гравитација во околината има специфика, значи ние сме средно стручно училиште. Имаме свои профили и струки доволно познати на јавноста. На овој прес само да потсетиме што се слуваше изминатиот период. Би ги издвоил трите светски натпревари што се случуваа во изминатиот перид од година и два-три месеци. Станува збор за реномирани светски натпревари во кои што имавме свои претстравница и сме апсолутно горди на нивните постигнувања и на целата сосотојба“, рече Савев пред новинарите од Кочани.
Повеќе информации за прес конференцијата на директорот на СОУ „Гошо Виќентиве“, Гоце Савев, ќе можете да проследите во текот на наредните изданија на КФМ Радио (во етер) и да прочитате на нашата веб страница.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.