Честитка од градоначалникот Николчо Илијев по повод Денот на Власите

24 Мај 2019
86 пати

На припадниците на влашката заедница им го честитам националниот празник – 23 Мај, датум што ја

одбележува етничката, културната, јазичната, а со тоа и историската посебност и самобитност на Власите.
Придонесот на Власите во унапредувањето на меѓусебните односи е пример за успешно градење на мултиетничко и мултикултурно општество, на кој треба да се повикуваат идните поколенија. Затова повикувам, заедно, обединети да градиме едно општество и да придонесуваме за благосостојба и за просперитет на нашата заедничка татковина.

Нека е честит Националниот ден на Власите.

Градоначалник,
Николчо Илијев

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.