Кочанската противпожарна единица го одбележа Денот на пожарникарството

21 Мај 2019
175 пати

Во присуство на гости, ученици и пензионирани пожарникари, Територијалната противпожарна едница – Кочани

го одбележа 20 мај, Денот на пожарникарството во Македонија.
Единицата ја поздрави градоначалникот Николчо Илијев, кој го истакна задоволството што Кочани има пожарникарски состав што умее професионално да одговори на задачите и да се справи со предизвиците.
– Во изминатиов период набавивме нови работни и заштитни униформи за пожарникарите, а настојуваме да го подобриме возниот парк и техничката опрема. Работиме на воспоставување меѓуопштинска соработка со соседните општини Чешиново-Облешево и Зрновци на планот на противпожарната заштита – соопшти за медиумите Илијев.
Според командирот на Противпожарната единица Благојчо Паунов, во првите пет месеци од тековнава година се регистрирани стотина интервенции, а во периодот меѓу двата празника над 300.
Наградата за најуспешен пожарникар за 2018 година која традиционално ја доделува градоначалникот, ја доби Валериј Џидров, а пофалници добија пожарникарите Кирчо Ефтимов и Гоце Сандански.
Во знак на поддршка на ТППЕ – Кочани, ученици од ОУ „Малина Попиванова“ пренесоа пораки за издржливост и доследност во професијата и им го честитаа празникот на кочанските пожарникари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.