Илијев : „Членови на моето потесно семејство никогаш ниту аплицирале ниту добиле помош од државата“

14 Мај 2019
978 пати

Отворено писмо до јавноста од Градоначалникот на Општина Кочани

Почитувани, 

Последните написи што се појавија преку анонимни фејсбук-профили, очигледно е дека го покажуваат стравот на одредени деструктивни сили кои не им мислат добро на Кочани и на граѓаните на Кочани.

Тие деструктивни сили се плашат од нашето рационално управување, отчетно работење за секој потрошен денар, се плашат од проектите за реализација надвор од Буџетот на Општина Кочани чиј износ е повеќе од 3,2 милиони евра!
На таквите сили им порачуваме дека целосно остануваме посветени на граѓаните и на решавањето проблеми од јавен интерес од локално значење.
Граѓаните на Кочани веќе го знаат мојот начин на работа. Затоа, под целосна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека информациите пласирани преку анонимни фејсбук-профили и партиски портали во целост се неточни и се надвор од мојот принцип на работа. Исто така, членови на моето потесно семејство никогаш ниту аплицирале ниту добиле помош од државата. Жал ми е што со дезинформации им се нанесува ненадоместлива штета на реномирани стопанственици.
За ова разрешница веќе бараме преку правниот систем и очекуваме од надлежните служби да постапат по правните поднесоци и да ги соопштат имињата на креаторите на лажните вести.
Ги повикувам граѓаните да бидат внимателни при примањето на информациите и да им веруваат на оние што содржат факти и извори на информирање.

Градоначалник на Општина Кочани,
Николчо Илијев

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.