Виница – Отворен социјален клуб за лица со интелектуална попреченост

11 Мај 2019
102 пати

80 лица со интелектуална попреченост , членови на локалното здружение “Порака“ неделава добија свое

катче за дружење и социјализација во центарот на градот. Со подршка на општина Виница и Републичкиот Центар за лица со интелектуална попреченост овие лица над 18 години ќе можат овде да престојуваат по неколку саати во текот на неделата под надзор на стручно лице- психолог.
“Навистина ми е големо задоволство што денес отвараме социјален клуб во соработка со Порака и општина Виница . Повеќе од десет години баравме простор, можности каде би можеле да функционираме како клуб и конечно наидовме на разбирање од градоначалникот, и изнајдовме можности да го отвориме овој клуб кој ќе ги опфаќа лицата со интелектуална попреченост над 18 години. Клубот ќе работи по неколку дена во неделата со психолог, и покрај социјализацијата тука ќе се одвиваат работилници во кои овие лица ќе развиваат и одредени вештини. Искрено се надевам дека со тек на времето овој клуб ќе прерасне во дневен центар со секојдневен повеќечасовен престој.“,истакна
д-р Василка Димовска, генерален секретар на РЦЛП Порака.
Републичкиот Центар “ Порака“ има преку 20 000 членови, а целта на овие сервисни центри кои постепено треба да се трансформираат во центри за дневен престој е да им овозможат поголема мобилизација и социјализација на возрасните лица со интелектуални пречки и нивно поактивно вклучување во секојдневното функционирање на општественото живеење.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.