КЈП „Водовод“ почнува со машинско чистење на јавните површини

09 Мај 2019
277 пати

Кочанското комунално претпријатие „Водовод“ набави возило „метларка“, економична машина со која ќе се

одржува хигиената на јавните површини.
Според информациите на стручните служби, возилото има независен погон на четири тркала и може да работи и на поголеми нагорнини.
– Системот за чистење е составен од две предни странични четки, а поседува и вакуумски вентилатор што дава можност за вшмукување на поголема количина отпад, но и можност за собирање лисја преку посебно црево за вшмукување. Возилото работи тивко и има капацитет на чистење од 26 000 метри квадратни на час – соопшти Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.
Возилото за метење на улиците и на јавните површини „Водовод“ го обезбеди со сопствени средства. Тоа ќе овозможи зголемување на опфатот на површните што се одржуваат, подобрување на јавната хигиена и ќе биде замена за осум до десет работника.
Планирањата на кочанското јавно претпријатие, кои произлегуваат од потребите, се однесуваат на обезбедување на камион-кипер, ѓубрарка до 10 метри кубни, трактори со дополнителна опрема за одржување на комуналната хиегиена и зеленилата, како и цистерни за миење на улиците.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.