Реконструкција на патот од Кочани до селото Мојанци

07 Мај 2019
321 пати

Локалниот пат што го поврзува Кочани со Мојанци ќе се реконструира.


Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев најавува дека средствата утврдени според извршената пресметка се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, со чија финансиска поддршка се реализира и изградбата на Пречистителната станица во Мојанци.
Според информациите на стручните служби, проектот е изработен од Општина Кочани. Реконструкцијата на патот ќе се изведува од преминот преку железничката пруга кај „Антура“, до влезот во селото Мојанци, во должина од 3,2 км. Патот ќе се прошири до 4,5 метри, а ќе се изгради и тротоар со ширина од 1,5 метар.
Во наредниот период се очекува да се реализира јавната набавка, со која ќе биде избран изведувач на градежните работи.
Реконструкцијата на овој локален патен правец ќе овозможи поквалитетен приод до трите села што гравитираат на овој крај, Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.