Нов асфалт за влезот во селото Прибачево

19 Апр 2019
127 пати

Започна изградбата на улицата „Михајло Арсов“, на влезот во селото Прибачево.


Изведувачот на работите, штипската градежна фирма „Бони интерградба“ го отстрани постојниот асфалтен слој, кој беше во исклучително лоша состојба и теренот со површина од 1600 м2 се подготвува за ново асфалтирање.
Улицата во Прибачево се гради според Програмата за капитални инвестиции за 2019 година, со средства од основниот буџет на Општина Кочани. Со оваа Програма е планирана изградба на повеќе улици во Оризари и во Тркање. Во напредна фаза се работите на улицата „Лазар Стоименов“ во Оризари, каде ќе се асфалтираат 718 м. Во Тркање ќе се асфалтираат три крака од улицата „Маршал Тито“ во вкупна должина од 180 м.
Во селото Тркање во тек е изградбата на мост на Трканска Река, што ќе реши проблем за дел од жителите чие движење до домовите со години било отежнато. Во ова населено место заврши и чистењето на коритото на Трканска Река, од каде со механизација беше отстранета вегетацијата и отпадот собиран околу неа. Одговорните служби од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ очекуваат посовесно однесување на месното население кон животната средина и повисоко ниво на одржување на јавната чистота.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.