Механизација на „Водовод“ го расчистува коритото на Трканска Река

15 Апр 2019
155 пати

Механизацијата на Комуналното јавно претпријатие Водовод викендов работеше на расчистување на коритото

на Трканска Река. Комуналните екипи ја отстрануваа вегетацијата околу која, со години, жителите исфрлале секаков вид смет.
Според одговорните во „Водовод“ во работата на овој терен се ангажирани технички и човечки ресурси од повеќе единици на претпријатието. Со ова расчистување долж реката во централниот дел на селото, се создадени услови да влезат поголеми машини кои понатаму дополнително ќе го доуредат коритото на Трканска Река.
Активностите што се реализираат во селото Тркање се дел од заложбите за надминување на проблемите што ги има ова населено место со лошото решение на канализацискиот одвод. Според стручните служби, придонес кон ваквата состојба дало и несовесното однесување на жителите, кои коритото на реката го претвориле во своевидна депонија и место за истек на отпадни води од домаќинствата.
Општинските комунални служби апелираат на лична и јавна одговорност со којашто жителите ќе придонесат за здрава непосредна околина и за намалување на деградацијата на животната средина.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.