Татко со нож го избодел синот

13 Апр 2019
415 пати

На 11.04.2019 во 19.05 часот во Полициската станица Кочани, од Медицински центар Кочани било пријавено дека

кај нив со повреди бил донесен М.Г.(39) од Кочани. Според пријавеното, истиот ден околу 18.45 часот во домот на ул.„14-та Бригада“ во Кочани, по вербална расправија, Љ.Г.(58) од Кочани со нож му нанел повреда на неговиот син М.Г.(39). По укажаната помош во болницата во Кочани тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен, а Љ.Г. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Кочани. По целосно документирање на случајот против Љ.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.