Привршува изградбата на мостовите во с. Лаки

12 Апр 2019
181 пати

Со цел подобрување и олеснување на интерната комуникација и сообраќајна поврзаност меѓу жителите на

с.Лаки, општина Виница на нивно барање работи на реконструкција на постоечки мост во горниот дел од селото, но и на изградба на нов мост кој ќе им овозможи брз и непречен пристап до селската црква. Градоначалникот Ивица Димитров вчера изврши увид во тековните градежни активности и изрази задоволство од можноста конечно да им се олесни движењето и комуникацијата на жителите на с.Лаки., кои со децении мораа да го заобиколуваат целото село за да стасаат до селската црква, а сега сето тоа ќе се одвива брзо и непречено во само неколку чекори. Изградбата на овие мостови треба да заврши до крајот на месец април, а во најава е санација и реконструкција на мостови и во селата Пеклани и Истибања. Овој инфраструктурен зафат е овозможен со средства од сопствениот буџет.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.