Озеленување на новите жардиниери на улиците „Никола Карев“ и „Тодосија Паунов“

09 Апр 2019
299 пати

Привршуваат работите за изградба на жардиниерите на улиците Никола Карев и Тодосија Паунов.


Деновиве, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ врши нивно озеленување. Во армирано-бетонските монтажни елементи се засадуваат зимзелени и грмушести растенија што ќе придонесе за зголемување на зелената маса на дел од најфрквентните улици во централното подрачје на Кочани. Дополнително ќе се посее трева и други украсни растенија што ќе го подобри и естетскиот впечаток.
Минималното разделно зеленило на улиците „Никола Карев“ и „Тодосија Паунов“ се замени со жардиниери во должина од 720 м, проект за кој се наменија средства од општинскиот буџет.
Уредувањето и одржувањето на зеленилото понатаму ќе биде обврска на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“.

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.