Киро Стојов кој донираше орган на човек со кој не е во крвно сродство ја доби најпрестижната награда на „Story Awaards“

27 Мар 2019
746 пати

Четириесет и деветгодишниот Киро Стојов од Кочани ја доби најпрестижната награда на манифестацијата

„Story Awards“ и беше прогласен за „Стори“ личност на годината поради хуманиот гест кој што го направи неодамна, а тоа е донирање орган на човек со кој што не е во крвно сродство.
Тој заедно со своето семејство пристигна на церемонијата, а признанието му го даде министерот за здравство, Венко Филипче кој го поздрави овој негов гест, а сите присутни во салата станаа на нозе и со овации му се поклонија на Киро.
Инаку, давањето орган за пресадување од жив донатор е редок случај, не само за македонски услови, туку и за поширокиот балкански простор. Токму Стојов е меѓу неколкуте благородни луѓе кај нас, чиј случај за доброволно донирање дел од црниот дроб за лице со кое не е во роднински врски,па токму поради тоа го сврте вниманието и на регионалната академија на „Стори“ која без дилема едногласно одлучи токму тој да ја добие наградата за „Стори“ личност на годината.
Текстот е преземен од порталот Убавина и здравје

Оценете ја оваа вест
(3 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.