Соопштение од КЈП „Водовод“ - „Преземаме мерки со кои се контролира состојбата на Градската депонија“

12 Мар 2019
165 пати

После изјавата на портпаролот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани, Гоце Марков, во врска со депонијата кај

селото Бели, со соопштение се огласи КЈП „Водовод“. Ви го пренесуваме во целост.
Ве известуваме дека Комуналното јавно претприајтие „Водовод“ во соработка со Општина Кочани непрекинато ја следи и презема мерки со кои се контролира состојбата на Градската депонија. 

Само овој викенд на Градската депонија се пренесени околу 500 м3 земја со цел да се стави под контрола нејзиното согорување, како резултат на одредени хемиски процеси и горење, предизвикано од пред неколку денови, од страна на несовесни граѓани.
Паралелно со ова, викендов раководството на КЈП „Водовод“ и градоначалникот Николчо Илијев одржаа средби со претставници на Месната заедница Бели, со кои се договорени конкретни активности и поддршка во настојувањата да се сведе на мининум загадувањето предизвикано од Градската депонија.
Трајното решение на овој децениски проблем е затворање на Градската депонија, што ќе произлезе од зајакнувањето на капацитетот на претпријатијата во регионот што управуваат со отпадот.
За таа цел, Министерството за животна средина и просторно планирање и општините од Источниот и Североисточниот плански регион, со поддршка од ИПА-програмата, односно со средства од Европската Унија реализираат проект за воспоставување интегриран регионален систем за управување со отпад во овие два региона.
Со реализацијата на овој проект, сегашната Градска депонија во близината на селото Бели ќе згасне, а комуналниот отпад од Кочани ќе се носи на претоварна станица чија локација е предвидено да биде кај Превалец – Истибања, од каде што ќе се носи на регионалната депонија во Свети Николе.
Изградбата на регионалната депонија и изградбата на трансфер-станиците ќе започне да се реализира оваа година.

КЈП „Водовод“ – Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.