„Водовод“ ги затвори отворените шахти кај АСНОМ

08 Фев 2019
366 пати

После објавениот материјал на КФМ Радио од реакцијата на родители на деца кои го посетуваат ОМУ „Ристо Јуруков“

во врска со опасностите што произлегуваат од отворените шахти на приодот на училиштето, брзо реагираше КЈП „Водовод“. За само неколку дена шахтите се затворени со бетонски плочи.
Родителите што реагираа веднаш се јавија во Кочани ФМ Радио и не известија дека отворите од шахтите се затворени. Истовремено, упатија апел до граѓаните од околината на комплексот АСНОМ да бидат поодговорни во однесувањето. Тие бараат да бидат затворени и преостанатите неколку отворени шахти, кои се направени за потребите на објектот во кој беше сместен Правниот факултет при УГД од Штип.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.