Центар за ран детски развој во с. Лески

02 Фев 2019
184 пати

Првите 7 деца од предучилишна возаст во с.Лески заедно со нивните родители го осетија благодетот

од функционирањето на новоотворениот центар за ран детски развој во рамки на подрачното училиште “Славчо Стојменски“. За нив ова е прва официјана посета на училиште, а нивната прва радост ја споделија и со првите посетители денес.
За почеток, условите за престој се и повеќе од очекувањата на родителите, центарот е опремен според сите стандарди за работа со деца од оваа возраст, а инвентарот е комплетно нов со реквизити и едукативни помагала. Според директорката Наташа Анакиева, наместо 3 часа, овозможен е престој од 6 часа, како и еден оброк во текот на денот кој е обезбеден преку КДУ “Гоце Делчев“.
Градоначалникот Димитров истакна дека општината ги прави сите напори овој центар со дополнителни преадаптации постепено да прерасне во детска градинка, и очекува во најскоро време, сите деца од Лески кои одат во градинка во Виница, да се префрлат овде. Во овој проект, УНИЦЕФ инвестираше 571 000 денари, а општината, училиштето и градинката помогнаа со доопремување со околу 100 000 денари.,

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.