Кај АСНОМ – Отворени длабоки шахти ги демнат децата

01 Фев 2019
470 пати

Проблемот со отворени шахти во Кочани, особено на подрачјето околу комплексот АСНОМ е присутен со децении

наназад. Откако металните капаци станаа интересни за собирачите на старо железо, надлежните никако не можат да се справат со заштитата на огромните дупки, длабоки и по неколку метри, кои претставуваат опасност за минувачите.
Отворените длабоки „јами“ најчесто ги демнат учениците, кои на оваа пешачка зона минуваат и по неколку пати дневно, особено оние кои го посетуваат овдешното музичко училиште. Неколку пати досега, родителите реагираат до нашата информативна редакција, по кој знае кој пат, да го иницираме проблемот, со надеж дека некој сепак ќе се заинтересира за покривање на опасните отвори.
Во една прилика информиравме за мајка која за рака го водеше своето девојче, кое одеднаш го снема низ длабокиот незаштитен отвор од шахтата, па за среќа неповредено, одвај го извадивме.
Двете беа видно вознемирени и уплашени и низ плач ни нагласија дека во иднина по четири очи ќе отвораат за да проверат каде стапнуваат во ова контаминирано подрачје – како што ни рекоа.
Металните капаци од железо не се покажаа ефектни и дека можат да ги заштитат минувачите, затоа што по само неколку дена некој ќе ги извади и ќе ги продаде за ситна добивка. Колку што сме информирани за покривање на шахтите веќе се користат заштитни капаци направени од неметален материјал кој не може да се продава како старо железо.
Останува да видиме дали и на кој начин гратските власти ќе го решат овој проблем.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.