Во Кочани само еден заболен од грип, во Виница ниту еден

08 Јан 2019
170 пати

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 1.218 (I=58,9/100.000). Во споредба со истиот

период од минатата сезона, постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 12,6%, а во однос на моделот за последните 8 сезони се регистрира намалување од 25,9%, се наведува во извештајот објавен на веб-страницата на Институтот за јавно здравје на РМ.
Најголем број на заболени лица од грип се регистрирани во општините Гостивар Тетово и Куманово.
Според Натка Кранфилова, епидемиолог во Центарот за јавно здравје, во Кочани е забележана ниска активност на вирусот на грип во минатата недела, со само еден заболен, додека во Виница и нема регистрирано активност на вирусот на грип, односно нема пријавено заболени.
На подрачјето на кочанскиот Центар за јавно здравје вакцинирани се околу 1 800 лица и очигледно вакцината ја исполнила својата функција и ја спречила појавата на грипот

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.