Божиќна честитка од градоначалникот Николчо Илијев

06 Јан 2019
185 пати

Почитувани сограѓани,

Во пресрет на еден од најрадосните празници, дозволете ми од мое лично име и од името на општинската администрација да Ви го честитам големиот христијански празник Раѓањето Христово - Божик, и да Ви посакам празничните денови да ги поминете во добро здравје, радост и среќа.
Празникот нека внесе мир и спокојство во срцата, добрината секогаш да биде во нас и нека нѐ води понатаму низ животот – да бидеме луѓе кои градат вистински христијански вредности, меѓусебно почитување и солидарност.
Честит Божик!
За многу години!

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.