МЦСР – Трибина „На секое дете му треба семјство“

25 Дек 2018
171 пати

Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Кочани продолжува со серијата на трибини чија цел е запознавање

и информирање на граѓаните за значењето на прифаќање деца без родители во згрижувачки семејства. Трбината се одржа во просториите на Дневниот центар за деца со интелектуална попреченост.
„Станува збор за кампања ’На секое дете му треба семјство’, наменета за деца без родителска грижа, што ја води Министерството за труд и социјална политика со подршка на УНИЦЕФ. Како Меѓуопштински центар сме дел од таа кампања. После трибината во Кочани ќе одржиме трибина и во Зрновци и Чешиново – Облешево, со цел да ги запознаеме потенцијалните згрижувачи со можностите што се нудат преку оваа кампања за згрижување на деца кои се без родителска грижа. Му благодарам на Ротари клубот Кочани – Виница за нивната донација во новогодишни пакетчиња“, рече Кире Ковачев директор на кочанскиот меѓуопштински центар за социјални работи, после вчерашната трибина. На подрачјето на Кочани регистрирани се 14 семејства во кои се згрижени деца без родители.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.