Од Ротари клубот Кочани – Виница: Пакетчиња за дечињата од згрижувачките семејства

25 Дек 2018
179 пати

Ротари клубот Кочани - Виница ги даруваше со новогодишни пакетчиња децата од згрижувачките семејства,

како и оние што се посетители на Дневниот центар за деца со интекетуална попреченост, установа која е дел од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Кочани,
„Во духот на верувањето, Ротари клубот речи да ги одбележи новогодишните празници. Во соработка на директорот на Центарот за социјални работи, Кире Ковачев, поделивме пакетчиња, со што на дечињата им ги честитаме претстојните празници.Ваква донација ќе има и во Виница. Ротари клубот и понатаму ќе обезбедува донации во рамките на своите можности“, изјави претставникот на Ротари клубот Кочани – Виница, Билјана Митева.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.