После 3 децении, нов ровокопач за потребите на ЈКП “Солидарност“

06 Дек 2018
41 пати

За новата градежна офанзива во 2019 година, општина Виница и ЈКП “Солидарност“ со нов возен парк.

Од денес кругот на јавното претпријатие е подновен со ново возило - ровокопач од англиско производство. Според директорот Игорчо Христов, ново возило за градежни активности не е набавено од 1989 година, градежната група во јавното претпријатите работи со багери стари по три децении. Според градоначалникот Ивица Димитров, ова возило е обезбедено со грант од Светска Банка во висина од 2.600 000,00 денари, и дополнителни 1.700 000,00 денари се средства од Буџетот на општината, или вкупната вредност на возилото е 4 .243 000,00 денари. Како што најави Димитров, веќе во јануари или фебруари се очекува да пристигне и уште едно возило за подобрување на комуналните услуги, а ќе биде наменето за собирање комунален отпад, а во најава е набавка и на уште едно возило се со цел комплетирање на потребите на јавното претпријатие во сервисирањето на секојдневните услуги за нас граѓаните.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.