Започна изградбата на тротоари на неколку локации во Кочани

05 Дек 2018
98 пати

Започнаа активностите за изградба на тротоари на неколку локации во Кочани.


Механизацијата на градежното претпријатие „Карпош“ од Скопје деновиве работи на улицата „Љупчо Сантов“, кај крстосницата пред Спомен-домот „АСНОМ“.
Според стручните служби од Секторот за уредување на градежното земјиште, во моментот се врши ископ на земја, со цел да се создаде соодветната тротоарска површина, која досега беше минимална на тој потег, а движењето на пешаците беше отежнато и небезбедно.
Паралелно се работи и на изградбата на тротоарот на улицата „АСНОМ“, спроти новиот станбен комплекс во месноста Касарски круг, каде со децении отсуствува јавно-прометната површина за пешаци.
Со Програмата за уредување на тротоари, во наредниот период ќе се работи и на улиците „Охридска“, на потегот од повеќенаменското игралиште кон север, како и на дел од улицата „Роза Петрова“.
Вкупната сума наменета за изградба на тротоари за 2018 година изнесува 2 милиона и 310 илјади денари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.