Работилница во „Љупчо Сантов“ – Унапредување на знаењата на младите за ЕУ

30 Ное 2018
73 пати

Во рамките на проектот Rural youth assisting Macedonia in EU integration, спроведуван од страна


на CNVP – организација за поврзување на природни вредности и луѓе со седиште во Хаг –
Холандија, вчера во периодот од 12:00 – 14:00 часот во СОУ ,Љупчо Сантов’’ - Кочани во кабинетот за
музичка уметност се спроведе Работилницата за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија. Проектот има за цел да ги зајакне способностите на младите од источниот и југоисточниот
плански регион и нивните организации за нивен активен придонес кон совладување на
предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесот на евроинтеграција.
Основна цел и задачи на работилницата беа унапредување на знаењата на младите од Кочани и Виница за:
● Европската унија и европските политики;
● Критериумите за влез во ЕУ на земјите со статус кандидат за ЕУ како и за
● Улогата на младите од Кочани и Виница во помагање на процесот на евроинтеграција на Р. Македонија
На крај од работилницата беше изведа симулација за донесување политичка одлука За или Против интеграција на Р.Македонија во ЕУ.
Едукатори беа Стојан Рашков, Валерија Соколова од Делчево и Александар Иванов од Виница.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.