Кочани со поддршка на Розовата прошетка

09 Окт 2018
175 пати

Членови и поддржувачи од Кочани на Здружението „Борка“ учествуваа на десеттата Розова прошетка за

издигнување на свеста за борба против ракот на дојка. Со поддршка во организиран превоз од Општина Кочани, претставничките дадоа личен придонес во настанот чија цел е да ја поттикне грижата за здравјето.
Според Валентина Андонова, координаторка на „Борка“ за Кочани, учеството во Розовата прошетка е поддршка за сите што страдале од ракот на дојка и за нивните семејства кои ги делеле нивните страдања.
– Грижата за сопственото здравје е најдобриот лек и сите жени што во моментов не направиле преглед повикуваме да го направат со цел навреме да се открие и да се лекува болеста. Со подигање на јавната свест може да се спречат многу жртви од оваа болест – повика Андонова.
На настанот во Скопје им беше врачен „медал на честа“ на десетмина жени и мажи, кои ја победиле оваа болест и за нивната посветеност во кампањата „Напред розово“.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.