Прес на ОО на СДСМ : Манипулирате со бројќи што ви одговараат

06 Окт 2018
331 пати

Кочанските соција-домакрати одговорија на пресконференцијата на ВМРО – ДПМНЕ што се одржа вчера

и што се однесува на излезноста на граѓаните во Кочани на Референдумот. Ви го пренесуваме во целост.
Заврши Вашето време, заврши тортурата врз граѓаните што ја споведувавте при секои избори. Нема веќе диктатура и едноумие – граѓаните беа оставени по своја волја да гласаат. По нив не доаѓаше никој “да ги влече зa уши “ за да гласаат. Манипулирате со бројќи што Ви одговараат. Врвот на ВМРО ДПМНЕ, во немоќ, манифестира паника што и покрај бојкотот што го заговараше, граѓаните и членовите од оваа партија излегоа на референдумот и гласаа а мнозинството од над 600 илјади се изјаснија ЗА ЕУ и НАТО.
Граѓаните не забораваат како владеевте и зошто сте инспирирани- да зграпчите власт за да ја ограбувате Македонија, да делите провизии, да купувате “тенкови“, да го осиромашувате народот, од партиските штабови да делигирате наставници.
Граѓаните не ги забораваат вашите заткулисни игри, пресметки, заканувања, но и исмевања и понижувања на “вашите луѓе“ што гласаа на референдумот. Изборите што доаѓаат ќе покажат колку гласови вие сте изгубиле од оние на последните локални избори. Оти граѓаните знаат за долговитево кои им ја заробивте нивната иднина, за непотизмот во кој се насладувате, за личното профитерство за кое сте слика и прилика.

ОО СДСМ КОЧАНИ
Претседател Дарко Радески

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.