Прес на ОК на ВМРО – ДПМНЕ: Ви исчезнаа околу 3 000 гласа

06 Окт 2018
643 пати

На прес конференцијата што се одржа вчера зборуваше претседателот на огранокот на ВМРО – ДПМНЕ

во Кочани, Миле Лефкев. Во целост ви го пренесуваме кажаното.
Почитувани сограѓани, членови, симпатизери и подржувачи,
Сакаме да изразиме благодарност и почит за сите оние кои на денот на референдумот и покрај притисоците не излегоа да гласаат или гласаа “против“, со тоа Кочани покажа дека е достоинствен и горд град, дека Кочани има капацитети и луѓе со висока патриотска и национална свест. 

Кочани јасно кажа дека договорот од Преспа, така како што е склучен е во спротивност и со волјата на кочанчани.
Неуспешниот референдум за жал сега на СДС им служи само како една прескапо платена анкета која им покажа дека во Кочани им исчезна околу 3000 гласа, поточно 2844 гласови.
Она што се случува со гласовите на СДС во Кочани е слика и прилика и добар пример за да се види како завршуваат неодржливите политики градени на лаги. Тука во Кочани, кај нас, граѓаните казнуваат политичари кои си поигруваат со нашите емоции, чувства и со нашата доверба.
Тоа нè инспирира да работиме со зголемена енергија и ентузијазам за да си ја зачуваме МАКЕДОНИЈА.
Она што е најважно, доаѓа критично време во кое нема да им дозволиме ”играта” со татковината да ја користат како изговор за неисполнетите ветувања, непотизмот и криминалот. Време во кое нема да дозволиме партиски раководители и вршители на јавни функции и активисти да вршат притисоците врз луѓето кои не излегле да гласаат, гласале “против“ или одбиле партиска задача на СДС - тоа таквото постапување е неприфатливо и истото го следиме и најавуваме дека одговорност ќе има.
Заклучокот е очигледен и покрај сите притисоци се чини дека лагите на власта безнадежно еродираат.
За крај Кочани - ЈАКО, Кочани ти благодариме!
Центар за комуникации
ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.