Градежни активности на неколку улици и патишта во Кочани

04 Окт 2018
388 пати

Наскоро се очекува да започнат градежните активности за асфалтирање на улицата „Кресненско востание“

во населбата Усова Чешма во Кочани.

Според стручните служби од Општина Кочани, тендерската постапка е на самиот крај. За изведувач е избрана градежната компанија „Бони интерградба“ од Штип, а по спроведената електронска аукција, за асфалтирање на оваа улица ќе бидат наменети 1.985.500 денари.

– Тоа се над 1 милион денари помалку од проценетата вредност што ќе овозможи да се прошири листата на улици за асфалтирање до крајот на оваа календарска година – вели градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Улицата „Кресненско востание“ е долга 230 м, широка 6 м и ја поврзува „Македонска“ со „13 Македонски корпус“. Во изведбата се планирани машински ископи на земјена маса, дренажа, атмосферска канализација, бетонски рабници и седум сантиметри асфалтен слој.

Во тек се градежните работи за асфалтирање на трите крака од улицата „Вера Которка“, како и на улицата „Ѓорѓи Пулевски“ каде е предвидена изградба на неколку потпорни ѕидови, поставување примарна канализација и приклучоци кон водоводната мрежа.

За асфалтирање се подготвува и патот Крушка – Полаки во должина од 790 м, чија реализација е со средства обезбедени од Бирото за регионален развој и Општина Кочани.

Општина Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.