Референдум - Најголем одзив во Кочани, најмал во Зрновци

01 Окт 2018
752 пати

Првичните неофицијални резултати од Референдумот што се одржа вчера велат дека во Општина Кочани

излезноста на гласачите достигнала 31, 51 отсто, односно дека од запишаните 32 998 избирачкото право го оствариле вкупно 10 398 граѓани. Од нив позитивно одговориле 84, 42 отсто или 8 778. Против биле 10, 79 отсто или 1 122.
Во Виница, пак, одзивот на гласачите е нешто помал и изнесува 24, 67 отсто. Од запишаните 17 143 гласале 4 059. Референдумското прашање го прифаќаат 3 466 граѓани или 85, 39 отсто, а негативно се изјасниле 355 гласачи или 8, 75 отсто.
Во Зрновци, што се однесува до регионот на Кочани, одзивот на гласачите на Референдумот за влез во НАТО и ЕУ со подршка на договорот со Грција, е најмал и изнесува 20, 47 отсто или - гласале 524 од запишаните 2 560 граѓани со право на глас. Референдумскот прашање го подржале 83, 78 отсто или 439 граѓани, а против била 11, 83 отсто односно 62.
Излезноста во Општината Чешиново – Облешево според првичните неофицијални резултати е 28, 86 отсто. На глчасачките места се појавиле 1607 од 5 569 граѓани со право на глас. „За европска Македонија“ ја подржале 1297 или 80, 71 отсто и против биле 213 или 13, 25 отсто.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.