1000 евра – За некого поситни од зрно песок, за некого поголеми од планина

22 Сеп 2018
540 пати

Потрошиле 5 илјади евра, 2 илјади им доделила Општина Кочани, а 3 илјади жителите донирале од сопствени

средства. Го пробиле патот до долна маала на село Јастребник, останале само уште 500 метри до манастирот „Пресвета Богородица“. „Недостасуваат само илјада евра“, рече за Радио Кочани претседателот на МЗ во селото, Перо Велков и додаде: „Се обративме уште еднаш до градоначалникот. Тој не информираше дека освен тие 120 илјади денари што Општината ги издвои за таа намена, не може да ни помогне со уште дополнителни 60 илјади денари, да го довршиме патот до манастирот. Затоа во оваа прилика ја користиме можноста преку вашиот медиум, да ги повикаме сите приватни стопанственици, нашите бизнисмени и овој пат да покажат посветеност – да ги собереме тие илјада евра, за што однапред им благодариме. Годинава на нашиот манастир дојдоа околу 300 луѓе, кои беа воодушевени од приемот, пречекот и локацијата на манастирот, но не беа задоволни што немаше пристап со возило да самиот манастир, при што се создаваше голема гужва“, истакна меѓу другото, првиот човек на МЗ од Јастребник.
Селото Јастребник се наоѓа на надморска височина од 970 метри на околу 25 километри северно од градот и влегува во склоп на Општина Кочани. Според последниот попис од 2002 година пријавени се вкупно 48 жители, 100 отсто етнички Македонци.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.