Прибор и ранци за основците од социјално ранливите групи

19 Сеп 2018
75 пати

Општина Кочани за учениците од петте основни училишта во Кочани кои потекнуваат од социјално ранливи

семејства обезбеди основен училиштен прибор и училишни ранци за 158 ученици.

Бројот на училишните ранци и училишниот прибор е утврден според евиденција и список од самите училишта.

За учениците од ромската националност училиштен прибор обезбеди Здружението „Авена“, а Општина Кочани обезбеди 100 ранци кои заедно се дистрибуираат преку училиштата.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.