Шекеринска во Кочани : „ Немам дилеми дека на референдумот ќе победи гласот ЗА“

13 Сеп 2018
855 пати

Тие што со години зборуваат за референдум сега бегаат од референдумот. Немаат став. Да се нема став за најважното прашање во Македонија

е срам - рече министерката Шекеринска на трибина во Кочани. Таа ги повика членовите и симпатизери на опозицијата кои сакаат Македонија да успее, да донесат одлука која е добра за нивните семејства и да гласаат.

Кога партијата нема став значи дека нема аргументи - рече Шекеринска и додаде дека непристојната понуда за амнестија на неколкумина од ВМРО ДПМНЕ не е прифатена бидејќи државата нема да ја биде ако политичарите сметаат дека се над законот.

- Немам дилеми дека на референдумот ќе победи гласот ЗА. Бидејќи оние што велат дека се против не понудија поинаков план. Ние понудивме Македонија - членка на ЕУ и НАТО со одлука на граѓаните на референдум. Тоа што го пропуштија во 2008 го обезбедивме. За една година од изолирана држава направивме држава со покана за НАТО и направивме договор кој ги гарантира нашиот идентитет и нашата посебност- рече министерката и додаде дека е убедена дека граѓаните на Кочани и на Македонија ќе ја искористат историската шанса.

- На 30 септември можеме со една одлука Македонија многу бргу да ја внесеме во најмоќниот сојуз, во НАТО. Можеме да бидеме сојузници и да носиме одлуки со најсилните, а нашето знаме да се вее во Брисел. Тоа е одлука за безбедноста, стабилноста и економијата, за намалување на невработеноста и повисоки плати. На 30 септември имаме обврска кон следните генерации - да живеат подобро од нас - рече Шекеринска во Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.