Прес на СДСМ - „Да го гледаме Кочани како европско, а Македонија како членка на ЕУ и НАТО!“

12 Сеп 2018
288 пати

ОО на СДСМ вчера во Паркот на Револуцијата во Кочани одржа прес конференција. Зборуваше претседателот Дарко Радески. Кажаното ви го пренесуваме во целост...

Од овде би сакал да Ве повикам да ги рашириме видиците до таму до каде што ќе достигнат опсег да го гледаме Кочани како Европско, а со тоа и

Македонија како членка во НАТО и ЕУ.

Овој пат пред нас стои сериозен предизвик, дали да го поддржиме референдумот или не, на што би повикал да се водиме само од едно размислување и еден единствен одговор, Кочани ЗА Европска иднина, Македонија дел од Европското семејство.

Кога веќе Ве насочувам на овој одговор би сакал со вас накратко да споделам дел од придобивките кои ќе ги има Македонија како членка на Европското семејство, но и Кочани како европски град.

- Големи директни странски инвестиции преку кои ќе се отвораат нови работни места, а со самиот тој факт стануваме конкурентна земја каде што ќе се зголемува растот на платите, ќе се зголемуваат бруто домашниот производ и извозот.
- Ќе се зголемуваат фондовите кои ЕУ ќе ги вложува во нашата инфраструктура, а ова значи дека ќе се градат уште повеќе нови патишта, мостови, водоводи, канализации, училишта, градинки се со една иста цел за подобар живот за сите, за подобро утре на нашите деца.
- Ќе се зголемат фондовите на земјоделците, а со ова ќе има пристап до повеќе европски средства за субвенции, механизација, за повисок приход, подобар производ како и пласман со подобри цени.

Би сакал да се осврнам на Европските фондови за Европска Македонија.
- Вкупната годишна ЕУ помош за Македонија ќе изнесува 90 милиони евра односно 260.000 евра дневно.
- Влегуваме во унија од 500 милиони потрошувачи или 250 пати поголем пазар од домашниот.

- 15 милиони европски пари за земјоделството во Македонија
- 15,5 милиони евра годишно за Македонија преку ЕУ програмата за транспорт (фондови со кои ќе се градат патишта, мостови, железници, тунели и друга инфраструктура).

Ова се само дел од одговорите зошто Македонија треба да биде дел од Европското семејство.

Илустративно нашиот сосед Република Бугарија со просечната плата од 525 лева во 2007 година, со пристапот кон Европската Унија достигна раст од 1045 лева во 2018 година.
Невработеноста во 2007 година била 17,2 % а денес изнесува 5.3 %.

Стапката на вработеност кај младите во Хрватска од 26,4 % со зачленувањето во ЕУ се зголемува и во 2017година стапката на вработеност кај младите изнесува 43,1 %.
Ваков раст бележат скоро сите членки кои се дел од Европското Семејство.

Почитувани овој историски момент е поголем од секој од нас, од нашите партии, кавги или лични интереси. Да ги оставиме различните убедувања и интереси за момент зад нас и да ја видиме светлината на Европа која не повикува.

Сега носиме одговорност како никогаш до сега, да излеземе гордо и да одлучиме за нашето место во братството на европските народи, во Европската Унија, и да застанеме рамо до рамо, рамноправни со најсилните земји на светот, членки на НАТО.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.