Во сообраќајка загинала виничанка во „Мерцедес“

10 Сеп 2018
958 пати

На 08.09.2018 година во 19,35 часот на магистралниот пат Штип - Радовиш, се случила сообраќајна незгода

помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со винички регистарски ознаки управувано од М.В.(54) од Виница и патничко моторно возило „Ауди“ со струмички регистарски ознаки управувано од Т.Б.(38) од Струмица. По незгодата В.В.(51) сопатничка во возилото „Мерцедес“ била пренесена во Клиничка болница Штип, каде починала. На М.В. му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.