Виница – Со 10 милиони асфалтирани четири улици

16 Авг 2018
264 пати

Жителите на улиците “Рајко Жинзифов“, “Јане Сандански“, “Видое Смилески Бато“ и

“4-та Македонска Бригада“ деновиве конечно начекаа асфалт. Општина Виница издвои преку 10 милиони денари средства од сопствениот Буџет за заокружување на оваа прва фаза во асфалтирање улици во градот и населените места. Покрај асфалт, во тек е и реконструкција на најфреквентната улица во градот, улицата “Илинденска“, во вкупна должина од 400 метри, а ќе се реконструираат и 300 метри од улицата “Братство и единство“.
Според градоначалникот Ивица Димитров, со овој тендер планирано е асфалтирање на 2800 метри, од кои 1600 метри само во градот, а останатите 1200 метри се планирани во населените места Трстија, Блатец, Јакимово, Лески и Градец. Според најавите, овој градежен зафат ќе се заокружи до средината на септември.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.