Министерот Ахмедовски – во увид на градежните активности во Ромското Маало во Кочани

09 Авг 2018
135 пати

Министерот без ресор задолжен за имплеметација на Стратегијата за ромски прашања, Аксел Ахмедовски вчера го посети Кочани, со цел да се

запознае со тековните инфраструктурни активности што се финансираат со средства од ова министерство.
Со претставници од Општина Кочани и од ромската заедница, Ахмедовски изврши увид во градежните работи на улицата „Стамен Манов“ каде се работи на асфалтирање на два крака, се градат два потпорни ѕида и еден крак од улицата е бетониран.
Во овој дел на Кочани со средства од Министерството ќе се гради и улицата „Блаже Поп Арсов“, потоа крак 1 – исток од „Стамен Манов“ и ќе се реконструира дел од улицата „Славчо Стоименов“.
За сите овие инфраструктурни проекти се добиени вкупно 6.300.000 денари, пари од државниот буџет.
На вчерашната средба со министерот без ресор е договорено Општина Кочани да започне со подготовка на проектна документација за уште три улици во Ромското Маало и за реконструкција на улицата „Партизанска“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.