Пристапен пат од Оризари до Добра Вода

27 Јул 2018
122 пати

Општина Кочани ќе ја конфинансира реализацијата на проектот „Изградба на пристапен пат од селото Оризари до манастирот ‘Пресвета Богородица’ во

месноста Добра Вода‘ кој Центарот за развој на Источниот плански регион ќе го аплицира за финансирање од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Оваа одлука беше донесена на шестата седница на Источниот плански регион, која се одржа недодамна во Берово.
Со проектот ќе се бара користење на средствата од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој на 2018 г. за мерката „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“ – Инвестиции во локалната патна за поврзување на населени места – села со локалитети значење за начинот на живот и работа на селската популација во должина до 2 км“.
Вкупната вредност на проектот за изградба на овој пристапен пат е близу 26 милиони денари или точно 25.952.444,53 денари. Според документацијата за апликација, Општина Кочани се обврзува да го плати износот на данокот на додадена вредност и да учествува во финансирање на активностите за изведбените работи од овој проект.
Изградбата на патот до локалитетот Добра Вода е едно од приоритетните барања на жителите од тој крај, посебно заради големите празнични собири кои се организираат на неколку наврати во годината. Од друга страна, подобрената патна инфраструктура ќе создаде подобри услови за туристички развој на овој дел од Осоговијата.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.