Се крпат ударните дупки на кочанските улици

25 Јул 2018
423 пати

Деновиве градежна механизација работи на пополнување на ударните дупки на улиците во градот и населените места. – Досега се

извршени корекции на асфалтните дефекти на улиците „Ѓорче Петров“ и „Бел камен“. Следуваат работите на „Страшо Ербапче“, „1 Мај“, „9 Мај“, „Боро Ловџија“ потоа во населбите Усова Чешма и Лесна индустрија, за што ќе бидат наменети 400.000 денари од Буџетот на Општина Кочани – информира Влатко Димитров од Секторот за уредување на градежното земјиште.

Паралелно со овие активности, ќе се врши и бетонирање на пристапните улици, а деновиве ќе се асфалтираат и улиците во селата Мојанци, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог и Тркање.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.