Со граѓанска прослава во Кочани – одбележан првиот чекор кон членството на Македонија во НАТО

15 Јул 2018
1735 пати

На платото во Трговскиот центар во Кочани, во организација на Владата на Република Македонија беше приредна граѓанска прослава по повод

поканата што ја доби нашата држава за членство во НАТО.
– Ова се историски денови за Македонија, затоа вечерва заедно со граѓаните го одбележуваме првиот успех којшто беше стремеж на сите влади од осамостојувањето до денес за поканата и членството на Македонија во НАТО. НАТО не значи само безбедност и сигурност за граѓаните и за државата, НАТО значи извесна иднина, значи економски просперитет, развој, инвестиции, отворање на нови работни места, НАТО особено за Македонија значи многу придобивки за животот на граѓаните – рече во изјавата за медиумите министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
Николовски истакна дека Република Македонија за само една година направи многу чекори напред и во делот на европската интеграција, доби датум за преговори со ЕУ, а посебно важно е што и Владата, институциите, граѓаните во следниот период ќе бидат цврсто насочени кон имплементирање на реформите потребни за да зјакнување и забрзање на овој процес на развој и на интеграции и во НАТО и во Европската Унија.
– Членството во НАТО и преговорите со ЕУ за македонското земјоделство значат и отворање на нови работни места и на нови фондови, повеќе пари за земјоделците и зголемување на конкурентноста и зголемено производтсво, нови инвестиции, иновации во земјоделството, особено нови фондови и нови пари во целокупниот сектор и во земјоделството и во руралниот развој. Затоа и ние како сектор во следните 12 месеци ќе бидеме цврсто насочени да го имплементираме и Планот 18 каде што имаме конкретни задачи и конкретни реформи коишто треба да ги спроведеме. Затоа сметам дека и НАТО и ЕУ се битни за граѓаните, битни за Македонија, Македонија ја има оваа историска шанса којашто ја создадовме и сме убедени дека граѓаните таа шанса ќе ја искористат – рече Николовски.
На музичката прослава во Кочани, на која настапија Дарио, Кинг Неат Велиов, ди-џеј Мастер Џи и Лепи Џони, присуствуваа повеќе претставници на Владата и градоначалници од Источниот регион.

 

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.