В сабота во Трговскиот центар - забава со Баклава, Лепи Џони и Conquering Lion

13 Јул 2018
428 пати

В сабота, 14 јули, со почеток од 21 ч., на платото во Трговскиот центар во Кочани, ќе се одржи

забава по повод поканата на Република Македонија за членство во НАТО.
Во граѓанската прослава што ја организира Владата на Република Македонија под мотото „Македонија во НАТО и ЕУ“ ќе настапат неколку музички групи: Баклава со специјалниот гостин Кинг Неат Велиов, Лепи Џони и Conquering Lion.
Кочани е еден од петнаесетте градови во државава каде се организира граѓанска прослава, за која се ангажирани 40 уметници и уметнички состави.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.