Сообраќајка кај „Калиманци“ – Загина триесетгодишен кочанец

06 Јул 2018
1179 пати

На 05.07.2018 година во 15,50 часот на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани во близина

на браната “Калиманци“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.М. (60) од Р.Бугарија и патничко моторно возило „Опел Аскона“ без регистерски ознаки, управувано од Б.В. (30) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.В., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кочани од каде како итен случај бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 20,50 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Делчево. Во времето од 15,50 до 18,40 часот сообраќајот бил во прекин. Возачот на товарното моторно возило В.М. бил задржан во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.